Отворени позиции
НЕОКОМ АД Скопје, објавува оглас за вработување за следните работни места:
Сектор - Продажба
1. Специјалист за ИКТ Продажба (со или без работно искуство)
Активности:
- Развивање и одржување на релации со потенцијални и актуелни клиенти.
- Учество и спроведување на продажен процес преку тендерско аплицирање.
- Изработка и процесирање на понуди, договори, фактури, следење на наплата од клиенти.
- Иницијативност и проактивност при презентирање на техничките решенија што се нудат
- Комуникациски и презентациски вештини како и способност за тимска работа.
- Комуникација со претставници на brand-овите што се застапуваат
- Пожелно работно искуство во продажба.
- Интерес и разбирање на информатичките и комуникациските технологии, со посебен акцент на компјутерски мрежи и безбедност на податоци.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- ВСС од Информатички технологии
- Компјутерски способности: Office, Excel, Word
- Познавање на англиски јазик (солидно пишување и говорење)
- Активен возач со Б категорија
Сектор - Софтвер
1. .NET Software Developer (со или без работно искуство)
Потребно е кандидатите да ги поседуваат следните вештини:
• Солидно познавање на принципи на објектно ориентирано програмирање
• ASP.NET MVC и Web Forms
• C#
• MSSQL
• JavaScript (Предност ќе имаат кандидати што познаваат AngularJS)
2. Java Software Developer (со или без работно искуство)
Потребно е кандидатите да ги поседуваат следните вештини:
• Солидно познавање на принципи на објектно ориентирано програмирање
• Java Spring (Maven)
• Java
• Postgresql
• JavaScript
За двете позиции, кандидатите треба да имаат познавања од:
• Git
• Team Foundation Services
Потребни квалификации:
· Апсолвенти или високо образование на ФИНКИ или друг факултет од соодветната област
· Активно познавање на Англискиот јазик
Потенцијалните кандидати ги очекува:
· тимска и динамична работа
· можност за континуирана едукација
· придржување на работната методологија на НЕОКОМ АД.
Испратете CV на email адреса: job@neocom.com.mk,
За сите дополнителни информации обратете се на истата email адреса.
Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост.
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани